20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Двејн Вејд го уништи Детроит

НБА: Двејн Вејд го уништи Детроит

Dwyane-Wade1-e1427680911286

Девет натпревари се одиграа во НБА лигата во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, во кои победи забележаа тимовите кои се борат за пласман во плејофот.

Бруклин со 107:99 славеше над ЛА Лејкерс и го задржа осмото место на Истокот, а Мајами кој е на седмото место триумфираше над Детроит со 109:102. Вејд постигна 40 поени во победата на Мајами, додека кај Детроит Драмонд имаше учинок од 32 поени и 14 скока.

Кливленд со многу проблеми запиша победа над Филаделфија (87:86), Сан Антонио со тимска игра победи во дербито со Мемфис (103:89), а Хјустон славеше во Вашингтон (99:91).

Њу Орлеанс предводен од Ентони Дејвис (28 поени) ја победи Минесота (110:88), ЛА Клиперси славеа над Бостон (119:106), додека Индијана го порази Далас (104:99).

Оклахома го совлада директниот конкурент за осмото место на Западот, тимот на Феникс со 109:97. Расел Вестбрук мечот го заврши со 33 поени, 9 скока и 7 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП