28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМастерс Мајами: Елиминирани Надал и Вавринка

Мастерс Мајами: Елиминирани Надал и Вавринка

nadal854545454

Шпанецот Фернандо Вердаско го елиминираше сонародникот Рафаел Надал и избори пласман во осминафиналето на Мастерс турнирот во Мајами. Вердаско против Надал славеше во три сета (6:4, 2:6, 6:3).

Надал одигра нервозен меч, во кој многу грешеше особено во првиот сет и на крајот заслужено загуби. По освоениот прв и загубениот втор сет, Вердаско во третиот клучниот брејк го направи во четвртио гем кога со три форхенд винери поведе со 3:1.

Вердаско при резултат 5:2 на сервис на противникот пропушти една меч топка, но веќе во наредниот гем со сигурни сервиси стигна до победата.

Надал прв пат по 2004 година, кога имаше 17 години, не успеа да стигне до полуфиналето во Мајами или во Индијан Велс. Рафа со поразот од Вердаско го загуби третото место на АТП листата, каде од наредната недела ќе се најде Енди Мари.

Вердаско во осминафиналето ќе игра против победникот од мечот помеѓу Хуан Монако и Гарсија Лопез.

Турнирот во Мајами заврши и за осмиот светски рекет Станислас Вавринка, Швајцарецот загуби од Французинот Адријан Манарино со 7:6, 7:6.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП