20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Скопското астрономско друштво“ го организира 18-тиот Воведен курс по астрономија

„Скопското астрономско друштво“ го организира 18-тиот Воведен курс по астрономија

astro

„Скопското астрономско друштво“ го организира 18-тиот Воведен курс по астрономија кој ќе започне на 2 април 2015 година.

Целта на курсот е запознавање со основните термини, принципи и факти од областа на астрономијата, а на посетителите не им се потребни предзнаења од оваа наука.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот.

Предвидено е да се обработат 11 теми, од кои две ќе се одржат во Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје и вклучено е теренско набљудување со најголемиот телескоп во Македонија. Предавањата ќе ги држат 8 предавачи, членови на „Скопското астрономско друштво“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП