25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGermanwings им понуди на семејствата на жртвите по 50 илјади евра отштета

Germanwings им понуди на семејствата на жртвите по 50 илјади евра отштета

G

Германската авиокомпанија Germanwings им понуди на семејствата на жртвите во несреќата во француските Алпи по 50.000 евра како отштета, соопшти портпаролот на компанијата Томас Винкелман.

Тој додаде дека таа сума е одвоена од компензациите што компанијата најверојатно ќе мора да ги плати заради несреќата.

Винкелман го потврди пишувањето на германскиот весник „Тагешпигел“ кој ги цитираше зборовите на експертот за авијација Холгер Хопердицелм дела Lufthansa, на која и припаѓа Germanwings, ќе мора да плати компензација од неколку десетици до неколку стотици илјади евра за секоја жртва на несреќата.

Одговорноста на авиокомпаниите да платат компензација е утврдена со одлука на конвенцијата во Монтреал во 1999 година, а тогаш беше одлучено максималниот износ на отштетата по лице да биде 143 илјади евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП