24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Dodge Durango R/T претставен со скромни подобрувања (фото)

Новиот Dodge Durango R/T претставен со скромни подобрувања (фото)

durango

„Dodge“ најави серија подобрувања за моделот „Durango R/T“, a прво што го обезбедија е кожниот тапацир и тоа по барање на купувачите.

durango1

Седиштата се дел од пакетот „Premium Nappa Leather Group“ за кој потребно е да се одвојат дополнителни 1.100 евра. Останатите промени се ограничени, а „Durango R/T“ за 2015-та го одликуваат и сет редизајнирани 20-инчни алуминиумски тркала со висок сјај со „Granite Crystal“.

durango2

Само за потсетување, „Durango R/T“ го карактеризираат „HID“ предни светла, „LED“ дневни светла, како и монохроматска боја на екстериерот.

durango3

Кросоверот може да се пофали и со спортска суспензија, висината на возилото е намалена за 20mm, a тука е и 5.7-литарскиот „HEMI V8“ мотор кој генерира 360ks излезна моќ и 528Nm вртежен момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП