25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинеската банка ICBC забележа прв пад на кварталната добивка од 2009-та година

Кинеската банка ICBC забележа прв пад на кварталната добивка од 2009-та година

icbc22

Кинеската индустриска и комерцијална банка (Industrial and Commercial Bank of China – ICBC) регистрира прв пад на профитот за квартал од 2009-та година, а причината за тоа е зголемувањето на лошите кредити, објави „Bloomberg“.

Нето добивката на најголемиот кредитор во светот падна за 3,1% до 55,3 милијарди јуани (8,9 милијарди долари) за последниот квартал од 2014-та година. Аналитичарите очекуваа профитот за кварталот да достигне 58 милијарди јуани.

Причината за понизок профит не само на „ICBC“, а и на други големи кинески кредитори, е доцнењето економија на земјата, која доведува до зголемување на уделот на лоши кредити.

Во четвртиот квартал од 2014-та година поголем дел од ова зголемување доаѓа од нефункционалните кредити на компаниите кои работат во областите на производството и трговијата на големо и мало, појаснува аналитичарот од „Bloomberg“, Френсис Чан. Трендот ќе продолжи додека не видиме наплата во кинескиот извоз и растот на продажбата на мало, предупредува експерт.

„ICBC“ и Земјоделската банка на Кина ги намалија шансите за исплата на дивиденди до 33% во 2014-та, наспроти 35% во 2013-та година. „CITIC Bank“ пак воопшто не се исплати дивиденда за годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП