25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Часот на планетата Земја“ се одбележува и во Скопје

„Часот на планетата Земја“ се одбележува и во Скопје

zemja cas

Градот Скопје денеска од 20:30 до 21:30 часот ќе се вклучи во одбележувањето на светски познатото движење „Час на планетата Земја“.

Во наведениот период ќе биде исклучено уличното осветлување на улицата Македонија, плоштадот „Македонија“ и плоштадот „Филип Втори“, како и на илуминациите на палатата „Пелистер“, Ристиќевата палата, Камениот мост, Скопската тврдина, мостот „Око“, Мостот на уметноста, Археолошкиот музеј и Музејот на македонската борба за самостојност.

Одбележувањето на ова светски познато движење во Скопје ќе одвива на почетокот на улицата Македонија, меѓу Ристиќевата палата и Палатата „Пелистер“, а доколку се влошат временските услови настанот ќе се одржи во холот на Градскиот трговски центар.

Во предвидениот период, поддржувачите на движењето „Час на планетата Земја“ во целиот свет ќе ги исклучат светилките и ќе испратат порака за намалување на користењето на енергетските ресурси и за намалување на климатските промени.

Ова планетарно се спроведува во 162 држави во светот и во голем број светски метрополи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП