25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСмартфоните без граници стануваат се повеќе популарни

Смартфоните без граници стануваат се повеќе популарни

granici

Започнува нов тренд во дизајнот на смарфоните – уреди без граници. Кинеските производители во голема мера се во основата за наметнување на овој тренд, а последната компанија која најави сличен уред е „Oppo“.

Се разбира, „Oppo“ не е првата компанија која се обидува да го наметне овој тренд. Се започна од моделот на „Sharp – Aquos Crystal“, кој се појави на американскиот пазар.

granici1

Смартфонот е со 5,5-инчен екран со резолуција 1.080 x 1.920 пиксели, „quad-core“ процесор „Snapdragon 801“ со фреквенција од 2,3 гигахерци, 2 GB RAM меморија и 16 GB внатрешна меморија, 12.8 мегапиксели задна камера и батерија со капацитет од 2.610 mAh. Цената му беше 239 долари.

Потоа се појавија и други модели, како кинескиот „Subor S3“.

granici2

Тој располага со петинчен дисплеј со резолуција од 720 пиксели, 1 GB RAM меморија и 8 GB внатрешна меморија. Цената на овој смартфон е 225 долари.

Малку подоцна стана познат и моделот „LeTV X900“, за кој веќе пишувавме.

granici3

Тој е со 5,5-инчен екран со резолуција од 1.080 пиксели, 2 GB RAM меморија, процесор со фреквенција од 2.2 GHz и се очекува да се појави на пазарот кон крајот на април.

Во оваа недела на кинеските социјални мрежи протекоа информации за планираниот модел од „Oppo“ – „R7“.

granici4

Се очекува уредот да е фаблет (не се споменува големината на екранот, но ќе е над 5.3 инчи), процесорот да е осумјадрен од „MediaTek“, а неговата камера да е 20.7 мегапиксели.

Сепак останува прашањето за тоа, дали им требаат на корисниците паметни телефони без граници, се уште е актуелено. Едно од најголемите недостатоци на овој род уреди е најниската издржливост на дисплеите, особено при странично паѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП