16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИстражување за социо-економските карактеристики на локалното население на селата Иловица и Штука

Истражување за социо-економските карактеристики на локалното население на селата Иловица и Штука

istrazuvanje24

Компанијата Еуромакс ресурсис, во насока на натамошен развој на проектот за отворање на рудникот за бакар и злато, започнува со спроведување на истражување за социо-економските карактеристики на населението на селата Иловица и Штука во општината Босилово.

Истражувањето ќе се спроведе во периодот од 30.03.2015 до 03.04.2015 година во периодот од 14.00 часот до 19.00 часот, а ќе го изработат студенти од Факултетот за земјоделски науки од кампусот во Струмица при Универзитетот Гоце Делчев од Штип. Во истражувањето ќе се почитуваат највисоките стандарди за доверливост на податоците.

Истражувањето ќе биде спроведено во координација со локалната самоуправа и сите инволвирани државни институции, кои се целосно информирани со оваа активност на Еуромакс ресурсис. Во текот на истражувањето ќе се прибираат податоци за демографската структура на населението, односно начинот на живот и економските и земјоделските активности на населението, како и навиките за користењето на водата за пиење и наводнување.

Резултатите од истражувањето ќе се искористат во подготовката на потребната документација, предвидена согласно регулативите на Р. Македонија за реализација на проектот и негов натамошен развој, особено во поглед на влијанието врз социјалниот развој на заедницата и влијанието врз животната средина.

Рудникот за бакар и злато кај Иловица и Штука треба да стартува со работа во 2017 година. Вкупната инвестиција за развој и изградба на рудникот ќе изнесува околу 500 милиони американски долари, а предвидено е да се вработат околу 400 лица. Изградбата на рудникот кај Иловица и Штука е прва гринф-филд инвестиција од ваков вид во Република Македонија, која во голема мерка ќе придонесе за развој на локалната и националната економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП