29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota ја откри својата нова глобална платформа TNGA

Toyota ја откри својата нова глобална платформа TNGA

tnga

Јапонскиот автомобилски гигант „Toyota“ ја претстави новата глобална платформа, чија употреба ќе почне уште оваа година.

Архитектурата е наречена „TNGA“ (Toyota New Global Architecture), а ќе се оптимизира динамиката и вкупните перформанси на возилата на брендот, покажува информацијата.

Платформата користи компактни и полесни компоненти, а исто така обезбедува низок центар на гравитација. Благодарение на тоа моделите на „TNGA“ ќе имаат зголемена динамика на склопување за околу 15% и во исто време ќе бидат поекономични за цели 25%.

„TNGA“ е развиена со цел да биде користена и за хибридните автомобили, а кај нив исто така ќе се испорача зголемена динамика и намалена потрошувачка на гориво и електрична енергија.

tnga1

Архитектурата ќе овозможи скратување на времето за развој и производство на нови модели, а исто така ќе се намалат потребните инвестиции.

Околу половина од возилата на „Toyota“ во 2020-та година ќе бидат изработени на оваа платформа, покажува информацијата. Првиот автомобил на кој ќе се користи „TNGA“, е седан со средни димензии, кој јапонската компанија ќе го претстави подоцна во оваа година.

Во „Toyota“ работат напорно и на создавање на уште две нови платформи – една за мали и големи автомобили со преден погон и една за автомобили со заден погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП