29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК издејствува измена на законот во делот на реинвестираната добивка

ССК издејствува измена на законот во делот на реинвестираната добивка

sojuz 3

На иницијатива на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), донесена е одлука за измена на законот за данок на добивка, каде што во 2014-та година, реинвестираната добивка на компаниите од 2013-та година, ќе се смета како даночно ослободување, односно нема да се плаќа данок на целата добивка, туку само на разликата, поточно на нереинвестираната добивка.

„Со ова решение одредени средства ќе останат во компаниите кои ќе можат да се искористат за развој и инвестирање, покривање на трошоци во работењето како и одржување на тековната ликвидност. ССК работеше на оваа проблематика и во соработка и консултации со Министерството за финансии на Република Македонија се дојде до решение за измена на Законот“, изјави Драган Митковски, потпретседател за финансии во ССК.

Управата за јавни приходи технички го реши проблемот за внесување на образецот на данок на добивка кој се поднесува по електронски пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП