29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC ќе претстави 8.9-инчен таблет

HTC ќе претстави 8.9-инчен таблет

logo htc 309

„HTC“ ќе одржи настан на 8-ми април на кој ќе бидат претставени неколку нови уреди, меѓу кои се телефоните „HTC One M9+“, „HTC One E9“ и „HTC One E9+“, но и целосно нов таблет.

Иако сето ова е малку чудно, гласините укажуваат дека претстојниот таблет на „HTC“ би можел да се одликува со 8.9-инчен екран со резолуција од 1530×2048 пиксели, како и „Android 5.0 Lollipop“ оперативниот систем со „Sense 7“ корисничкиот интерфејс.

Што се однесува до хардверот, тука се очекува осумјадрен „Allwinner H8“ процесор со такт од 2,2 GHz, 2 GB RAM и 16 или 32 GB интерна меморија, камера од 16 мегапиксели, како и батерија од 6700mAh.

Исто така се очекуваат и стерео „BoomSound“ звучници, а таблетот ќе пристигне во две верзии: „HTC T1H Wi-Fi“ што е „Wi-Fi“ верзија, како и „HTC T1H LTE“ која содржи поврзување со „4G LTE“ мрежата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП