25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧетврти ден по ред пад на цените на акциите на Волстрит

Четврти ден по ред пад на цените на акциите на Волстрит

berzzzza

На Волстрит во четвртокот цените на акциите паднаа четврти ден по ред, меѓутоа значително поблаго отколку претходните денови бидејќи поддршка на пазарите им дадоа добрите економски показатели.

Индексот Dow Jones во четвртокот се лизна за 0,23 отсто, на 17.678 поени, додека индексот S&P 500 падна за 0,24 отсто, на 2.056 поени, а индексот Nasdaq за 0,27 отсто, на 4.863 индексни поени. Бидејќи претходните три дена потонаа повеќе од 2 отсто, индексите оваа седмица најверојатно повторно ќе ја завршат во минус, откако минатата седмица цените на акциите скокнаа првпат по трите седмици паѓање.

Доброто расположение на пазарите откако минатата седмица инвеститорите го охрабри американската централна банка Federal Reserve (Fed) со пораката дека нема да ита со зголемувањето на каматите, барзо спласни. Во основа, сепак, не значи многу дали каматите ќе бидат зголеми за два или за четири месеци, бидејќи тоа е потег кој сигурно ќе следи. А ќе биде првото зголемување на каматите од 2006 година, што значи дека пазарите во иднина ќе зависат само од економските показатели и деловните резултати на компаниите, а не повеќе од печатењето пари, рекордни ниските камати и другите монетарни поттикнувања.

Поради тоа во фокусот на инвеститорите се макроекономските показатели. По низата послаби отколку што се очекуваше извештаи, во четвртокот инвеститорите беа охрабрени од податоците дека минатата седмица бројот на првите барања за социјална помош за невработените во САД паднал повеќе отколку што се очекуваше, додека активностите во услужниот сектор во САД достигнале рекордно највисоко во последните шест месеци. Тоа укажува дека темелите на најголемата светска економија се цврсти, иако нејзиниот раст изминатите месеци забавува.

Под најголем притисок во четвртокот повторно беа акциите на производителите на чипови, кои паднаа за 1,4 отсто, поради сигналите за слабеење на побарувачката и силниот долар. Падна, исто така, и енергетскиот сектор, и тоа за 0,2 отсто, иако цените на нафтата во четвртокот скокнаа по вестите дека Саудиска Арабија и нејзините сунитски сојузници во регионот покренаа воздушни напади врз позициите на шиитските бунтовници од племето Хути во Јемен.

Лошо на пазарите влијаеше и заздравувањето на доларот, откако со денови беше под притисок, бидејќи тоа би можело да ја намали конкурентноста на американските мултинационални компании на светските пазари, што би им го намалило приходите и заработките. Во четвртокот индексот на доларот во, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте светски валути на земјите најголеми трговски партнери на САД, порасна од 96,17 на 97,40 отсто, повторно тргнувајќи кон вредноста од 100,39 поени, највисокото ниво во последните 12 години, коешто го достигна пред две седмици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП