16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦелосно саниран и зајакнат мостот на Пчиња во Долно Коњаре

Целосно саниран и зајакнат мостот на Пчиња во Долно Коњаре

most pcinja

Санацијата на мостот во село Долно Коњаре на регионалниот пат Р2136, делница Ржаничино – Долно Коњаре, општина Петровец која отпочна на почетокот на март е завршена и мостот е ставен во функција.

Невремето кое ја зафати Република Македонија минатиот месец, придонесе да се се зголемат на  водите на река Пчиња и да дојде до оштетување на наведениот мост, кој од безбедносни причини во сообраќајот беше забранет за сообраќај за товарни возила со маса поголема од 7,5 тона, вклучувајќи ги и градските автобуси на ЈСП „Скопје“.

Од страна на Јавното претпријатие за државни патишта, веднаш по оштетувањето беа превземени конкретни активности за надминување на состојбата, при што двете средишни столбни места кои беа предмет на санација, целосно се санирани и зајакнати. Освен санацијата во долниот дел од мостот околу двете столбни места извршена е регулација на коритото на реката Пчиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП