18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе правете ги овие нешта на работното место

Не правете ги овие нешта на работното место

overworked_office_worker

Доколку сакате во мир и хармонија да ги извршувате работните задачи, внимавајте на однесувањето, директниот говор, невербалните знаци и вашите постапки кои на некој колега или претпоставен може да му пречат. Обидете се да не ги правите овие нешта на работното место…

Затворена врата од канцеларија

Вратата се затвора само поради одредена причина: краток состанок, важен телефонски повик или разговор со шефот. Затворената врата остава порака дека не сакате другите да ви пречат и дека избегнувате комуникација и соработка.

Непримерен стил

Иако повеќето компании во денешно време немаат пропишан дрес код, лежерното облекување не значи дека може да облечете било што. Така, со нападната облека може да оставите лош и непрофесионален впечаток.

Слушате музика

Некои ќе кажат дека добрата музика поттикнува на работа. И тоа е донекаде точно. Сепак, постојат и оние на кои музиката им ја намалува концентрацијата. Затоа, водете сметка да бидете колегијални кон колегите.

Неразбирлив мејл

Најчестите недоразбирања на работното место настануват поради нејасните мејлови. За да се избегне тоа, секогаш практикувајте потврден мејл, а истото барајте го и од вашите соработници. Исто така избегнувајте кратенки и жаргонски речник.

Монополизирање на канцеларијата

Различни луѓе ги инспирираат различни работи, па затоа неретко секој вработен во канцеларијата носи по некој драг предмет како слика или растение. Но ако некој ја “присвои” канцеларијата и ја уреди по сопствена желба без консултација со соработниците, тогаш се случува монополизација на канцеларијата која другите ги прави да се чувствуваат како гости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП