23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗChevrolet го откри хибридниот Malibu

Chevrolet го откри хибридниот Malibu

malibu 33

Наредната генерација на „Chevrolet Malibu“ ќе се нуди во хибридна верзија, која ќе го користи модернизираниот агрегат на моделот „Volt“, соопштија од компанијата. Дебито на автомобилот ќе се одржи во почетокот на април на автосалонот во Њујорк.

Во агрегат на хибридниот „Malibu“ ќе биде вклучен 1,8-литарски бензински мотор (кај „Volt“ се користи 1,5-литарски мотор), два модернизирани електрични мотори (повторно од „Volt“) и комплет литиум-јонски батерии со капацитет 1,5 kWh. Вкупната моќност на овој систем ќе биде 182 КС.

Само на струја оваа верзија на седанот ќе може да развива брзина од 86 км/ч, а моторот со внатрешно согорување ќе се вклучува при повисоки брзини или оптоварувања. Потрошувачката на гориво во комбиниран режим ќе биде 5,2 л/100 км.

Од „Chevrolet“ засега не е објавено колку километри ќе може да мине „Malibu“ со едно полнење на батериите. Се очекува тоа да стане јасно за време на премиерата на возилото. За споредба само на електрична енергија на „Volt“, кој сепак е електромобил е 80 км.

malibu 34

Во „Malibu“ ќе биде користена истиот систем за обновување на електричната енергија при сопирање, каква што е и кај „Volt“. Освен тоа седанот ќе добие нова функција „Exhaust Gas Heat Recovery“ (EGHR), која ќе се користи за загревање како на погонскиот агрегат, така и на кабината при ладно време.

Освен тоа седанот ќе биде опремен со системот „Teen Driver“, овозможувајќи им на родителите да ги следат манирте при возење на нивните деца и да го ограничат нивниот пристап до некои системи на возилото. Технологијата им овозможува да се запишат маршрутите по кои поминува автомобил и максималната брзина која се развила.

Хибридниот „Chevrolet Malibu“ ќе се појави на пазарот во почетокот на 2016-та година, а неговото производство ќе биде сконцентрирано во фабриката на „General Motors“ во Канзас Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП