18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРевидирана прогнозата за раст на Белгија

Ревидирана прогнозата за раст на Белгија

belgija (1)

Федералното биро за планирање во Белгија ја ревидираше февруарската прогноза за економскиот раст на Белгија за 2015 година, од 1,0 на 1,2 проценти.

Ревизијата на прогнозата е резултат на новиот извештај на оваа институција за економските перспективи за периодот 2015-2020.

Подобрите перспективи во поглед на економскиот раст се предизвикани исклучиво со ревизијата на зголемената јавна потрошувачка, се наведува во извештајот.

Економскиот раст поволно ќе влијае на отворањето на нови работни места, чиј број во 2013 година беше намален, а во 2014 година скромно порасна.

Бројот на работни места меѓу 2017 и 2020 во просек годишно ќе се зголемува за околу 33.000.

Јавниот дефицит постепено ќе се намалува, од 3,2 проценти во 2014 година на 1,1 проценти во 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП