25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри навики на Ворен Бафет кои сите треба да ги присвојат

Три навики на Ворен Бафет кои сите треба да ги присвојат

warren_buffett_lunch_ebay-600x330

Ворен Бафер поминал тежок пат во животот, од дете кое со седум години продавало сокчиња Coca Cola на улица, па до сопственик на бизнис царство вредно 525 милијарди долари.

Се што постигнал, постигнал со навиките кои сите кои сакаат да бидат успешни треба да ги научат.

Ова се некои од нив…

1. Никогаш не престанувајте да учите

Според зборовите на Чарли Мундер од „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет ги насочил своите активности на неколку работи, со максимална концентрираност на нив. Работејќи така 50 години, станал експерт во тие нешта, исто како што на пример, Роџер Федерер е мајстор во тенисот. Со други зборови, Бафет сфатил во што е добар и константно работел на тоа усвојувајќи нови знаења.

2. Клучот е трпеливоста

Во бизнисот, но и во многу други нешта, трпението е важно, ако не и пресуден фактор. Бафет знаел кога треба да почека, иако е многу лесно да попуштиш на притисокот и да го „притиснеш копчето“. Но наместо избрзани одлуки, тој седел и чекал подобра понуда, која на крајот сепак се појавила. Трпението многу често значи – чекор напред.

3. Дадете им признание на своите колеги

Секој успешен претприемач не успеал сам. Секогаш тука биле другите успешни колеги, работници или деловни партнери кои го одработувале својот дел од работата. Ако сакате да ги следите чекорите на Ворен Бафет, никогаш немојте да заборавите да им се заблагодарите или да ги наградите луѓето кои ви помогнале на патот до успехот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП