20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако успешно да ја организирате вашата работна недела?

Како успешно да ја организирате вашата работна недела?

W

Претрупаната работна недела може да биде многу стресна. Можете да се чувствувате како да не можете да стигнете да направите ништо и дека на списокот на обврски не му се гледа крајот.

Спасете ги своите нерви и организирајте се. Со само седум чекори можете да организирате попродуктивна недела. Oваа работна недела веќе завшри, но следете ги советите и применете ги од наредната недела.

1. Направете список со обврските

Од витална важност е да имате список на обврски ако сакате да бидете продуктивни.  Ако немате претстава што се треба да се сработи, ќе ви биде тешко да направите што било. Направете листа на обврски кои морате да ги завршите до крајот на неделата, а на истата со црвен маркер обележете кои од тие обврски би ви одзеле повеќе време. Во распоредот испланирајте колку време отприлика ќе ви треба за секоја задача.

2. Поставете си помали цели ако е потребно

Ако имате да завршите повеќе од еден проект, добро би било ако го распределите истиот на помали сегменти. Како што ќе се намалуваат целите кои се обележани, така ќе имате подобра слика за она што ви преостанува.

3. Организирајте се, ама сериозно

Ако не знаете каде се наоѓа се што ви е потребно, ќе изгубите време кое може да е скапоцено. Проверете дали имате се што ви е потребно од средства и податоци, за да бидете подготвени побргу и поефикасно да ги завршите должностите.

4. Ако може автоматски, зошто да не?

Дали често губите време со работите кои не би требало да ви одземат многу време? Некои работи можете да ги подредите да се активираат и извршуваат автоматски. Како на пример, најновата верзија од програмaта во која работите.

5. Исполнувајте ги обврските од најтешки до најлесни или обратно

Некои сакаат да ги завршат потешките обврски на самиот почеток на денот, за да имаат релаксирано попладне, а на некои продуктивноста им е зголемена во втората половина од денот. Проучете се самите себеси и одлучете која метода ќе ја применувате. Многу е важно да не прескокнете некоја точка од списокот на обврски, затоа што тогаш шансите за нејзино избегнување се повеќе се зголемуваат.

6. Следете го својот напредок

Ако работите на голем проект, пратете го својот напредок и забележувајте го она што сте го постигнале. Наместо да се мислите дали сте внеле некои важни податоци, подобро е да погледнете во тефтерот, отколку од ново да го проверувате целиот проект. Плус, позитивните забелешки и запишаните завршени задачи влијаат многу подобро на личната мотивација.

7. Во кое време најдобро работите?

Многу е важно да знаете во кое време сте најпродуктивни. Ако најдобро функционирате наутро, тогаш во тоа време сработете го тоа што е најважно. На овој начин ќе имате најпродуктивна недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП