23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLeTV - смартфонот без граници (видео)

LeTV – смартфонот без граници (видео)

letv

Борбата кај производителите на смартфони продолжува, па во услови на отсуство на сериозна иновација во техничките карактеристики, фронт се префрла кон дизајнот. Последниот предлог што цели да се разликува од достапните паметни телефони на пазарот, доаѓа од „LeTV“.

Моделот целосно ги отстранува страничните граници на уредот и покажува како би изгледал смартфонот на „LG – G2“, ако од корејскиот производител би стигнале уште малку подалеку во 2013-та година. Се разбира, сличен уред, макар и со убав изглед, не се одликува со посебна практичност.

letv1

Недостатокот на странични граници го прави екранот исклучително кршлив, особено ако падне странично. Работите се влошуваат уште повеќе од тоа што тој е со голем 5.5-инчен екран, што го прави држењето со една рака релативно тешко, иако и покрај намалената големина поради недостаток на несаканите граници.

Во однос на спецификациите, смартфонот ќе има резолуција на екранот од 1.080 пиксели, осумјадрен процесор со фреквенција од 2.2 GHz и 2 GB RAM меморија. Внатрешната меморија ќе е 16 GB, а неговата задна камера е од 13 мегапиксели.

Смартфонот се очекува да излезе на пазарот во април. Најинтересно е дека смартфонот ќе располага со „USB“ порта тип „C“, кој може да биде отворен на новите „Apple MacBook“. Компанијата ја поседува водечкиот кинески сајт за онлајн видеостриминг и електронска трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП