29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШарпланински куп за деца со поддршка на ТТК Банка

Шарпланински куп за деца со поддршка на ТТК Банка

sapka5465454

ТТК Банка како општествено одговорна компанија, во улога на генерален спонзор, го поддржува Шарпланинскиот скијачки куп за деца, кој ќе се одржи на Попова Шапка, во сабота и во недела.

Радоста и ентузијазмот се огромни затоа што Банката поддржува спортски настан, чии учесници се деца на возраст од 6 до 16 години, со надеж дека ќе прераснат во вистински професионалци кои во иднина достојно ќе ја претставуваат Македонија во меѓународни размери, а притоа влијае на свеста за јакнење на спортскиот дух и здравиот начин на живот кај најмладите.

Годинава, ТТК Банка ќе делува во насока на продолжување на својата стратешка определба, активно да го помага растот и унапредувањето на заедницата, преку реализација на повеќе општествено одоговoрни проекти во областа на спортот, образованието и културата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП