19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција вети попис на реформите

Грција вети попис на реформите

grcka_eurobhtrhy65u

Грција ќе достави „сеопфатен попис на посебните економски реформи“ во рок од неколку дена за да и бидат одобрени финансиските средства со кои би избегнала стечај, објавија во петокот највисоките европски функционери по „искрените“ разговори со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Брисел.

Ципрас по разговорот истакна дека е поголем оптимист од претходно. „Сите страни ги потврдија своите намери да направат се што е можно за да ги надминеме потешкотиите на грчката економија што е можно побргу“, рече Ципрас.

„Денеска го вративме процесот во шини…јасно е дека Грција не е обврзана да спроведе рецесиски мерки. Грција ќе ги претстави своите структурни реформи, кои ќе ги спроведува“, рече Ципрас, пренесува агенцијата ДПА.

По двомесечни фрустрации на двете страни, откако Грците му дадоа мандат на Ципрас да ги укине строгите мерки на штедење кои ги воведе претходната влада, состанокот одржана на маргините на самитот на ЕУ на барање на Ципрас даде напредок во преговорите со кредиторите.

На состанокот со Ципрас присуствуваа главните актери во еврозоната-германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, претседателот на еврогрупата, Јерон Дејслелблум и претседателот на Европската централна банка, Марио Драги.

Меркел по разговорот изјави дека европските доверители ќе прифатат само целосно спроведување на претходно одобрените мерки.

„Референтна точка е договорот од 20 февруари. Тоа не го помрдневме ниту за милиметар, Некои од овие работи и претходно ги слушавме, но во посоедните недели не се случија многу работи“, рече Меркел.

Ципрас во понеделник треба да присигне во долгоочекувана посета на Берлин. Функционерите на ЕУ велат дека во случај Грција да го прифати веродостојниот план според кој би го ставила долгот под контрола, министртите за финансии на еврозоната би можеле наскоро да се состанат за да и одобрат средства на Атина со кои би ги исполнила своите финансиски обврски во наредните недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП