24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Нема да има буџетски кратења

Ципрас: Нема да има буџетски кратења

Alexis-cipras-kkdkkdjf

Грчкиот премиер Алексис Ципрас порача дека неговата влада ќе го исполни предизборното ветување за ставање крај на острите буџетски кастрења.

Оваа изјава Ципрас ја даде во парламентот, по што пратениците го одобрија Законот против сиромаштија, прв законски пакет на левичарската влада која беше избрана на 25 јануари.

Ципрас би требало во петок, на маргините на самитот на ЕУ, да се состане со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателите на Европската централна банка и Европската комисија, Марио Драги и Жан-Клод Јункер.

Грција има потешкотии во отплатата на пролетната рата за кредити и засега не успеа да ги убеди  кредиторите да пуштат дел од програмата, бидејќи тие инсистираат на детална листа на планирани реформи.

„Нека си ги задржат своите закани за таму каде што работат, а не да и се закануваат на оваа влада и, што е уште поважно, не на овој народ. Едноставно, нема да отстапиме од обврските кои ги прифативме“, порача Ципрас.

Законот за сиромаштија, кој беше предложен и покрај противењето на кредиторите, има за цел да обезбеди помош во вредност од 200 милиони евра за домаќинствата во кои нема вработени и за кои се смета дека се во „екстремна сиромаштија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП