28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШефот не мора се да знае: Што треба да премолчите

Шефот не мора се да знае: Што треба да премолчите

shh1

Некој некогаш паметно рекол: „Некои работи е подобро да се премолчат“. Ова е многу корисен совет и во секојдневната комуникација со претпоставените.

Не зборувајте за својот приватен бизнис или за паралелните проекти кои ги работите по работното време.

Никогаш не се знае кој кого ќе сретне и види и кој со кого ќе влезе во бизнис. Светот е мал.

Не се жалeте

Доколку сте уморни и мамурни поради претходно лудо поминатата ноќ а тоа не можете да го сокриете, барем немојте да се жалите. Не е убаво да зборувате за тоа како сте спиеле неколку часа – во превод, едвај сте способни да си ги завршите дневните обврски.

Непотребни детали

Ако сте се разболеле или ви е потребен слободен ден за да направите некои здравствени анализи, тоа е добро. Но, на вашиот шеф не му се потребни детали за вашата здравствена состојба и од резултатите кои сте ги добиле.

Ако сте погрешиле

Никогаш не кажувајте колку сте погрешиле. Не треба да лажете или кривицата да ја префрлате на други, но ако е голема грешка во прашање, прескокнете ги деталите.

Точно е тоа дека отворен и искрен разговор е темел за добра соработка, но некогаш поголема е штетата ако ги кажете сите детали отколку мудро да си премолчите, со цел да останете со шефот во здрав деловен однос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП