29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntesa Sanpaolo го засилува работењето

Intesa Sanpaolo го засилува работењето

banka1

Банкарската групација „Intesa Sanpaolo“ отвори филијала за бизнис со корпоративни клиенти во Варшава.

Со зајакнувањето на присуството во Полска, групата, преку консолидирање на интернационалната бизнис мрежа ќе го поттикне развојот на италијанските компании во странство, без оглед дали станува збор за мали, средни или големи субјекти.

Исто така, целта на групата е да промовира поголем степен на интеракција со локалните и меѓународните клиенти и да ја поддржи надворешно-трговската рамена меѓу Италија и Полска.

Отварањето на филијала во Варшава дополнително го подобрува меѓународното работење на „Intesa Sanpaolo“, која во моментов е активна во повеќе од 40 земји, се наведува во соопштението.

Благодарение на мрежата на филијали, претставништва и банки специјализирани за корпоративен бизнис, „Intesa Sanpaolo“ е присутна во 29 земји, поддржувајќи ги прекуграничните активности на корпоративните клиенти и компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП