18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃуровски го објави списокот за Белорусија и Австралија

Ѓуровски го објави списокот за Белорусија и Австралија

gjurovski11

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Бошко Ѓуровски, го објави сисокот на играчи на кои смета за квалификацискиот натпревар со Белорусија на 27-ми март во Скопје и пријателскиот меч со Австралија кој ќе се одигра три дена подоцна.

Предводникот на националниот тим меѓу повиканите има шестмина фудбалери кои настапуваат во домашното првенство, а повик добија и Урош Матиќ, кој доколку добие дозвола од ФИФА ќе дебитира за репрезентацијата, односно младиот репрезентативец Енис Барди кој игра во добра форма во унгарски Ујпешт. Во националниот тим селекторот ги врати Марио Ѓуровски и Ферхан Хасани.

„Ќе го смениме стилот на игра. Лани пробавме со класични центарфори и не сум задоволен од нивните игри. Сакам да играме со многу движење, да бидеме мобилни, а во нападот ќе играме со ниски играчи. Оваа игра што ја барам е многу подвижна, треба да имаме длабочина во играта“, рече слекторот.

Ѓуровски дополни дека средбата со Белорусија е клучна за иднината на репрезенатцијата.

Списокот на Ѓуровски за мечевите со Белорусија и Австралија:

Голмани: Томе Пачовски (Вардар), Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт), Мартин Богатинов (Ермис).

Одбрана: Ванче Шиков (Австрија Виена) , Бојан Марковски (Аја Напа), Даниел Георгиевски (Мелбурн), Дарко Велковски (Работнички), Кире Ристовски (Тирана), Стефан Ристовски (Латина).

Среден ред: Аријан Адеми (Динамо Загреб), Урош Матиќ (Бреда), Артим Положани (Шкендија), Енис Барди (Ујпешт), Александар Трајковски (Зулте Варегем), Марио Ѓуровски (Муантонг), Ферхан Хасани (Брондби), Благоја Тодоровски (Шкендија), Маријан Радески (Металург), Агим Ибраими (Марибор).

Напад: Дејан Блажевски (Вардар), Крсте Велковски (Сараево), Бесарт Абдурахими (Локерен).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП