20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради Нејмар, Барселона „лета“ од Примера дивизион!?

Поради Нејмар, Барселона „лета“ од Примера дивизион!?

nejmar 2

Каталонија е во шок! Барселона е потресена со страшна најава дека е можно да биде исфрлена од Ла Лига поради добро познатиот случај со Нејмар.

Каталонскиот „Ел Мундо Депортиво“ пишува дека од шпанскиот суд е побарано Барселона да биде суспендирана од настап во најсилното фудбалско друштво во оваа земја, а поранешниот и сегашниот претседател, Сандро Росел и Жосеп Марија Бартомеу да завршат во затвор поради неплатениот данок во висина од 12 милиони евра.

Судењето за овој предмет требаше да се одржи в четврток, но е одложено на неодредено време што е добро за Барселона бидејќи фудбалерите можат да се насочат на големото дерби против Реал Мардид кое ќе се одигра овој викенд на „Камп Ноу“.

Ако се докаже дека Барселона е виновна како клуб и се прифатат барањата на Обвинителството, каталонскиот клуб идната сезона ќе игра во Сегунда без разлика дали ќе ја освои титулата или не. Интересно е тоа што и покрај исфрлањето од Примера, ќе може да се натпреварува во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП