23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел го повика Ципрас во Берлин

Меркел го повика Ципрас во Берлин

merkel-tsipras

Грчкиот премиер Алексис Ципрас следната седмица ќе отпатува во Берлин со надеж дека кацеларката Ангела Меркел ќе успее да ја одоброволи да го прифати неговиот реформски план и репрограмирањето на големите грчки долгови во рамките на меѓународната помош за спасување на Грција од банкрот.

По телефонскиот разговор меѓу германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот, од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас објавија дека тој добил покана да ја посети Германија на 23-ти март.

Меѓу Берлин и Атина во последните седмици кулминираа тензиите, бидејќи Германија е загрижена од можноста Грција да не го почитува своите преземени обврски, додека Грците ги сметаат Германците за главни заговорници за извршување на жестоките мерки за штедење коишто се одразуваат и врз животниот стандард на населението.

Средбата меѓу Меркел и Ципрас ќе се одржи само неколку денови по самитот на Европската унија, на 19-ти и 20-ти март во Брисел, каде што грчкиот премиер има намера да ги убеди земјите членки на еврозоната да ги ревидираат условите за меѓународниот план за финансиска помош на неговата земја во износ од 240 милијарди евра, кој беше придружен со отпишување на околу 110 милијарди евра кон приватните доверители, и повеќе да се свртат кон економскиот раст.

„Без оглед на тоа на какви препреки ќе наидеме во текот на преговорите, нема да се враќаме на политиките на штедење“, изјави Ципрас за дневниот весник Етнос од понеделникот, тврдејќи дека токму буџетските кастрења се одговорни за рекордно високата невработеноста во Грција, околу 26 отсто.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави во понеделникот дека сé уште никој нема сфатено што Грција всушност сака. „Досега никој не сфати што сака грчката влада“, изјави на трибината за иднината на Европа во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

„Кога Грција упорно се обидува да каже дека коренот на нејзините проблеми е надвор од таа земја, таа не му ја кажува вистината на својот народ. Трагично е за ситуацијата во Грција е што елитите не му ја кажуваат вистината на својот народ“, истакна Шојбле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП