25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Томе Атанасов, Генерален Директор на Југоекспорт Стил

Интервју со Томе Атанасов, Генерален Директор на Југоекспорт Стил

tome-naslovna-jugoeksport

ДЕНАР: Високиот квалитет, модерниот дизајн, удобноста и трајноста се синоними кога станува збор за мебелот на Југоекспорт Стил? Колку време ви требаше за да дојдете до таа перцепција кај луѓето?

Југоекспорт е фирма која постои уште од времето на бивша Југославија, од секогаш позната како фирма која нуди врвен мебел од странски и домашни производители. Со распадот на Југославија, ние како сопственици на фирмата само ја продолживме оваа традиција. Пред 24 години располагавме со околу 500м2 продажен простор, и еден салон, a денес 4 салони со вкупна продажна површина од 10,000м2. Самата експанзија и проширување ни овозможи да ја прошириме нашата лепеза на производи на сличен начин како што е тоа случај во најпознатите светски центри за мебел. Сакам да кажам дека во овој момент во нашите салони може да се најде мебел за сечиј џеб и вкус.

ДЕНАР: Имате навистина незавидно портфолио на брендови. Како ја определувате понудата во вашите салони, односно колку се водите според желбите на потрошувачите?

Апсолутно секогаш се трудиме да имаме баланс меѓу тоа што е тренд и модерно на светскиот пазар и секако потребата и желбата на нашите клиенти. Во нашите салони се застапени повеќе од 30 брендови и прозиводители на мебел. Посетителите можат да најдат најнови модели од врвни производители како групацијата Натуци, Калигарис, АЛФ Италија, Камел Груп, Миото Дизајн, Алплес, Горење, и други. Нашата цел е да му овозможиме на секој потенцијален купувач да го најде и избере своето парче на мебел според неговиот вкус и финансиски можности. Токму и затоа имаме производители застапени кои самите спаѓаат во различни ценовни категории.

tome-jugoeksport-1

ДЕНАР: Салоните за мебел веќе не се само продажни места, туку многу повеќе! Место каде може да се добие совет, идеја за уредување на домот. Што на тоа поле нуди Југоекспорт Стил?

Југоекспорт Стил можам да кажам дека се издвојува од својата конкуренција по неколку работи. Покрај големата лепеза на производи и продукти од голем број светски производители кои може да се најдат во нашите салони, ние на клиентите им нудиме и бесплатни совети, идеи и концепти за уредување на нивниот дом. Нашата фирма вработува и тим на архитекти кои во секое време се спремни да го посетат вашиот дом, да земат мерки, и врз база на вашите замисли и идеи да изготват бесплатен 3Д проект кој ќе го долови амбиентот и ќе даде представа за просторот. Исто така многу важно е да се напомене дека ние како фирма нудиме бесплатен транспорт и монтажа на сите артикли купени од нашите салони без разлика на количината и сумата, и тоа важи за цела Македонија.

ДЕНАР: Имате салони во ГТЦ, во Струмица и најголемиот со површина од 6,000м2 во Илинден (наспроти хотел Белви). Дали можете да извлечете заклучок што луѓето најмногу купуваат, и дали постои некој тренд оваа година?

Се трудиме да ја опфатиме целокупната гама на продукти за еден дом почнувајќи од влезот во вашиот дом па се до спалната соба и терасата. Нудиме целокупен концепт за опремување на домот. Во нашите салони клиентите претежно бараат едноставни, модерни линии на мебел со актуелни бои како што се бела, таупе, кафена, црна, сива, венге и орев. Исто така високиот сјај на мебел е сеуште популарен меѓу нашите клиенти.

toma-jugoeksport-2

ДЕНАР: Од 2002 година Југоекспорт Стил е ко-сопственик во фирмата Мебел Трејд Виница, со што го проширивте полето на дејности и во производствениот бизнис и експорт на македонски производи. Кој беше мотивот?

Мотивот беше токму тој, да се прошириме и во производствениот бизнис. Морам да напоменам дека иако Југоекспорт Стил е ко-сопственик на фирмата Мебел Трејд, истата си работи независно, со свој менаџмент и со своја визија и филозофија на развој. Производите на Мебел Трејд се застапени низ цела Македонија и секако во странство. Еден дел од тие производи секако може да се најдат и во нашите салони. Од искуство, можам да кажам дека се работи за производи достапни за секое семејство, со одличен квалитет и дизајн.

ДЕНАР: Доаѓа саемот за мебел, од 24-29 март, што да очекуваме од Југоекспорт Стил?

Како и секоја година ќе има голем број изненадувања за нашите клиенти. Во сите наши салони и на скопскиот саем за мебел во Хала бр.2 ќе бидат претставени многу новитети, и секако саемски попусти на целокупната колекција на мебел. Сите наши активности ќе бидат попратени со маркетинг кампања и секако клиентите ќе бидат навреме информирани а и се надевам ќе бидат задоволни од тоа што оваа година го спремаме за нив. Ако може нешто предвреме да кажам е тоа дека оваа година ги очекуваат најголеми попусти досега.

ДЕНАР: Кои се плановите на Југоекспорт Стил во иднина, дали планирате отвoрање на нови салони во Македонија?

Концептот на Југоекспорт е секако заснован на континуиран развој и проширување на своите продажни салони. За таа цел веќе се работи на проширување на две локации паралелно. Првата локација е во Битола, каде е во почеток изградба на наш продажен салон кој ќе се простира на нешто повеќе од 2,000м2 и кој планираме да се отвори оваа година. Втората локација, која во моментов не би сакал да ја откријам, е поврзана со проект “FURNITURE OUTLET”  нешто што за првпат ќе се отвори во Македонија, на површина од повеќе од 20,000м2. Овој модел е по теркот на сите познати поголеми светски брендови за продажба на мебел, каде се има на едно место за домот. Локацијата и сите планови се веќе завршени. Со реализација на овој проект сакаме да започнеме во 2016 година.

jugoeksport-intervju

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП