28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ не блескаше но победи против Рамос

Ѓоковиќ не блескаше но победи против Рамос

noki3

Првиот носител на Мастерсот во Индијан Велс, Новак Ѓоковиќ, избори пласман во осминафиналето.

Ѓоковиќ не блескаше против Алберт Рамос, но сепак победи во два сета (7:5, 6:3) и во наредната рунда ќе игра со Американецот Џон Изнер.

Српскиот тенисер има проблеми кога игра против Изнер во два добиени сета, иако во меѓусебниот скор води со 5-2. Двата порази од Изнер, Ѓоковиќ ги има доживеано на американска почва и тоа во Индијан Велс во 2012 и во Синсинати во 2013 година.

Инаку најголемото изненадување во третото коло го приреди Танаси Кокинакис кој по голема борба, во три сета (6:2, 5:7, 7:6), славеше над Давид Ферер.

Третото коло го минаа Енди Мареј со победата од 6:1, 3:6, 6:1 над Филип Колшрајбер, потоа Фелисијано Лопес, Адријан Манарино, Кеи Нишикори и Џон Изнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП