25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнзаги: Се надевам дека ќе останам

Инзаги: Се надевам дека ќе останам

inzaghi

Тренерот на Милан, Филипо Инзаги, се надева дека ќе остане на кормилото на тимот и покрај поразот на неговиот тим од Фиорентина (2:1). Милан три натпревари во низа нема победа по што зачестија шпекулациите за негова смена.

„Имам договор со Милан, сега останува клубот да ја разгледа ситуацијата. Претседателот (Силвио Берлускони) често разговара со мене, исто како и Адријано Галијани. Милан има многу направено за мене, се надевам дека ќе останам на оваа позиција што е можно подолго“, рекол Инзаги.

Милан во Фиренца имаше предност се до 82.минута кога Фиорентина со головите на Родригез и Хоакин направи целосен пресврт и стигна до победата.

„Разочаран сум од начинот на кој го загубивме мечот, дури и реми немаше да биде доволен за нас. Загубивме, а мислам дека ја заслуживме победата. Не смееш да му дозволиш на тим каков што е Фиорентина да остане во игра. Не сме во најдобра позиција на табелата, но покажавме дека можеме да играме добар фудбал“, дополнил популарниот Супер Пипо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП