20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПетар Наумовски кандидат за нов претседател на МКФ

Петар Наумовски кандидат за нов претседател на МКФ

pece naumovski

Петар Наумовски ја прифатил кандидатурата за претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), соопшти во понеделникот Инцијативниот одбор за промени во македонската кошарка.

Инцијативниот одбор пред помалку од две недели поднесе барање за свикување вонредно Собрание на МКФ, на кое треба да се расправа за смена на актуелниот претседател Даниел Димевски.

Димевски има рок до 19-ти март да го закаже вонредното Собрание, а доколку тој не го стори тоа, тогаш оние кои бараат негова смена имаат право да го закажат Собранието на клубовите.

Инаку кандидатурата на Наумовски била поддржана од 21 екипа, меѓу кои се прволигашите МЗТ, Фени индустри, Карпош Соколи, Кожув, Универзитет Гоце Делчев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП