29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроизводството на керамика профитабилен бизнис во Македонија

Производството на керамика профитабилен бизнис во Македонија

keramika1

Во Македонија во употреба се враќа традиционалната керамика која се користи за подготвување и складирање на храната, пишуваат соседните медиуми. Трајче Трајков, сопственик на компанијата Хемија-Комерц од Велес, го приметил овој тренд пред пет години и денес тој поседува фабрика со стотина вработени за производство на керамика.

„Целиот профит компанијата го реинвестирала сите овие години. Постојано купуваме нова опрема, машини и сали. Тоа е суштината на развојот. Предноста на нашата компанија во однос на Кина и остатокот од светот, е тоа што изработуваме производи по нарачка“, вели Трајков, пишуваат соседните медиуми.

Хемија-Комерц го развива првиот македонски модерен бренд на керамичка опрема за печење на храна, наречена „Трајков Хоум Бејкер“. Во компанијата се надеваат дека преку процесот на брендирање ќе дојдат до уште побрза промоција на заборавените керамички производи.

Досега, најголемиот пазар на керамички производи на Блаканот е Грција, каде што постои традиција за печење на храна во керамички садови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП