28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТетоважа на работа, да или не?

Тетоважа на работа, да или не?

Tattoos-at-Work-05

Поголемиот дел од работодавците сметаат дека квалитетот на работа на вработените треба да се мери исклучиво со нивното знаење и односот кон работата, со почитување на елементарниот кодекс за однесување и облекување.

Сепак, минималниот пристоен изглед е релативна категорија, во која често нема место за екстравагантни детали како тетоважите, пирсингот или суканици.

Знаењето пред изгледот:

Во одредени случаи, исклучителните способности на поединците можат да ги засенат нивните други одлики, но постојат такви работи за кои се смета дека никако не одат со тетоважите.

Според зборовите на вработените во приватните клиники каде можете да ги отстраните тетоважите, кариерата е во преден план за поголемиот дел од клиентите. Имено, покрај оние што ги острануваат тетоважите за да можат да работат во училиште, банка или суд, многумина тоа го чинат затоа што неможат да се вработат и во странски компании.

Дискриминација според закон.

Во прирачникот за борба против дискриминација на работното место, кој го издал комесарот за рамноправност, се вели дека невработувањето на луѓе кои имаат пирсинг или тетоважи на лицето, врз основа на тоа дека нема да им се допадне на клиентите со кои треба да бидат во контакт, претставува дискриминација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП