24 април, 2024
ПочетнаДИЕТИАнтицелулитна диета

Антицелулитна диета

anti_cellulite_treatment_diet_lifestyle

Диета против целулит

Треба да изберете диета која има енергетска вредност и која одговара на потребите на вашиот организам, а посебно внимание треба да се посвети на одбраните намирници и начинот на нивната подготовка.

Антицелулитната диета има за цел да му помогне на вашиот организам да се ослободи од токсините, значи оваа диета не подразбира одземање на калориите, туку храна која може пријатно и лесно да се свари.

 

Намирници кои се препорачуваат

– Зеленчук (најдобро свеж или варен)

– Овошје (свежо или во вид на сок)

– Салати (зачинети со природно билно масло и вински оцет или лимонов сок)

– Сокови од зеленчук (свежи)

– Јајца (варени)

– Јогурт (без овошје или додатоци со шекери или житарки)

– Млеко (со намалена масленост)

– Месо, риба, живинско месо (без масти)

– 6-8 чаши вода дневно

– Сушен пивски квасец (две кесички помешани со овошен сок да се пијат 15 минути по јадењето)

 

Пример за мени за 7 дена

 

1. Ден

Доручек: јогурт или кисело млеко, младо сирење, црн леб

Ужина: овошје или овошен сок

Ручек: блитва и компир салата со печена риба

Ужина: овошје или овошен сок

Вечера: варен зеленчук, месо, салата

 

2. Ден

Доручек: млеко, снегулки

Ужина: сладолед

Ручек: зелка со месо, црн леб, салата од цвекло

Ужина: бело кафе

Вечера: варен зеленчук, месо, салата

 

3. Ден

Доручек: сок од морков и црна кифла

Ужина: семки од сончоглед

Ручек: карфиол, пилешко месо, салата

Ужина: овошје или сок од овошје

Вечера: јогурт, сирење, црн леб, салата

 

4. Ден

Доручек: млеко со снегулки (мусли)

Ужина: крофна

Ручек: супа од говедско месо, морков, варен компир, салата

Ужина: сок од зеленчук

Вечера: леб, џем , чај

 

5. Ден

Доручек: млеко, џем, црн леб

Ужина: овошје

Ручек: грашок, леб, салата

Ужина: сок од овошје или зеленчук

Вечера: варен зеленчук, риба, салата

 

6. Ден

Доручек: сок од овошје или зеленчук

Ужина: овошна салата

Ручек: шницли од соја, спанаќ со компир, салата

Ужина: овошје

Вечера: пица со зелечук

 

7. Ден

Доручек: млеко со какао, црна кифла, младо сирење

Ужина: салата од домати или сок од домати

Ручек: џигер, пире од компир, салата

Ужина: палачинка

Вечера: варен зеленчук, месо, салата

 

Совети:

– Никогаш не јадете брзо.

– Никогаш не гледајте телевизија додека вечерате.

– Јадете секогаш во исто време бидејќи желудникот така најдобро функционира.

– Секогаш уживајте во храната, дури и кога постојат ограничувања . Употребете ја фантазијата за да создадете вкусни и интересни оброци.

 

Избегнувајте:

Кобасици, сланина, салама, грицки, солено месо, солени сирења, пржена храна, газирани пијалоци, павлака, виршли, конзервирани супи, јаки зачини и многу зачинети јадења, многу кафиња.

За што побрзо да се ослободите од целулитот, покрај диетата препорачливо е и да се масирате на одредени места каде што имате целулит, вежбајте , правилно длабоко дишете , шетајте во природа…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП