28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ8 намирници кои ќе ве заситат на подолго време

8 намирници кои ќе ве заситат на подолго време

Овие намирници имаат нискокалорична вредност, но сепак ќе направат да бидете сити и да не гладувате. Доколку сакате да се вратите во форма пред летото, задолжително консумирајте ги.

Грав

Полн е со влакна, протеини, железо, и витамин Б. Гравот е и антиоксидант што го прави уште покорисен додаток во исхраната. Со оглед на тоа дека изобилува со протеини, одличен е за вегетаријанците.

Јогурт со малини и капини

Грчкиот јогурт има помалку масти отколку обичниот. Сјаен е во комбинација со малини и капини, и ќе ве засити, а нема да ве здебели.

Овесна каша со млеко

Овесната каша е полна со влакна, па е одлична комбинација со млекото кое има мал процент на масти.

Салата со авокадо

Авокадото е полно со омега 3 масни киселини, па нема да огладнете веднаш откако ќе го консумирате.

Путер од кикирики со крекери

Оваа комбинација на намирници сигурно ќе ве засити и ќе го намали вашиот апетит меѓу оброците.

Ореви и суви сливи

Оваа комбинација изобилува со јаглени хидрати и протеини. Не дебелее, а гладот нема да го почувствувате се додека не дојде време за наредниот оброк.

Супа

Освен тоа што е добра за варењето, нискокалоричната супа со зеленчук ќе направи да се чувствувате сито. Додадете во неа се што ви е при рака: Карфиол, грав, пченка….

Јајца

Додадете јајца во својот појадок и сигурно нема да почувствувате потреба да грицкате нешто пред ручекот. Ќе бидете сити и полни со енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП