23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНапнатоста во Ирак и Либија ја крена цената на нафтата

Напнатоста во Ирак и Либија ја крена цената на нафтата

nafta 93939

Цената на нафтата порасна  во петокот на светските берзи кон 61 долар за барел со оглед дека напнатоста во Ирак и Либија ја зголемија загриженоста за производството, а инвеститорите  ги следат и преговорите за иранската нуклеарна програма, поради можните сигнали за зголемување на понудата во случај на постигнување на договор.

На лондонската берза цената на барелот порасна за 50 центи во однос на претходното затворање, на 60,98 долари. На американската берза со барелот се тргуваше по речиси непроменета цена, од 50,86 долари.

Напнатоста ескалираше во североисточен Ирак откако милитантите на Исламската држава ги запалија нафтените полиња за да го спречат напредување на шиитските паравоени единици и на ирачките војници. Во Либија влошувањето на безбедносните услови доведе до затворање на 11 нафтени полиња.

„Загрижуваат судирите на либиските и ирачките полиња, кои создаваат сериозни проблеми во снабдувањето“, рече Тамаш Варга од лондонски PVM Oil Associates.

Инвеститорите будно ги следат и нуклеарните преговори со Иран. Западните дипломати укажуваат на сигнали на напредок во преговорите со Техеран за спорната нуклеарна програма. Секој сигнал за напредок би резултирал со враќање на големи количини иранска нафта на светските берзи.

Иранскиот министер за надворешни работи рече дека 10-годишниот мораториум на одделни аспекти на нуклеарната програма беше прифатлив, но одби да влегува во детали.

Одделно OPEC на своите интернет страници објави дека цената на барел референтна кошничка нафта во четвртокот изнесувала 55,77 долари, што значи дека остана речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП