29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Clio RS ja доби верзијата Trophy (фото)

Renault Clio RS ja доби верзијата Trophy (фото)

trophy

Новата генерација „Renault Clio RS“ веќе ја нуди и верзијата „Trophy“. Врвната опција во палетата на моделот дебитираше на саемот во Женева и ќе може да се нарача од месец јуни оваа година.

Исто како кај „Trophy“ верзијата на постариот „Megane“, новиот „Clio RS Trophy“ располага со моќен мотор, преработена трансмисија, променета шасија и препознатлив бодикит.

trophy1

Што се однесува до моторот, тој добил дополнителни 20 КС и 20 Nm. Па 1,6-литарскиот мотор сега нуди моќност од 220 КС и 260 Nm вртежен момент. Освен тоа ограничувачот на брзината е преместен од 6500 на 6800 врт/мин, а при движење во четвртта и петта брзина е достапен привремен сообраќаен вртежен момент од 280 Nm.

Значителни промени се направени и на менувачот „EDC“. Автоматикот со две спојки веќе ја менува брзината за 40% побрзо при движење во режимите „Normal“ и „Sport“. А кога ќе се вклучи режимот „Race“, трансмисијата работи со цели 50% побрзо во споредба со онаа кај стандардниот „Clio RS“.

trophy2

Врвното „Clio“ се одликува исто така со 18-инчни бандажи „Radical“ и гуми „Michelin Pilot Super Sport“ и старт/стоп системот кој функционира единствено во режимот „Normal“.

Опремата на „Clio RS Trophy“ нуди спортска суспензија со тврди амортизери и пружини што редуцираат со 20 мм напред и со 10 мм одзади. Ентериерот демонстрира различен волан, спортски седишта, хромирани елементи и друго. Надворешноста е опремена со агресивен бодикит, вклучувајќи браници, прагови, заден дифузор, едноставен заден спојлер и друго.

trophy3

Овој модел ќе се појави на пазарот во месец јуни, а освен во Европа, возилото ќе се нуди на уште 10 пазари во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП