25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин за 10 отсто ги намали својата и платите на државните функционери

Путин за 10 отсто ги намали својата и платите на државните функционери

Russia's President Putin speaks at the CIS summit in Minsk

Рускиот претседател Владимир Путин објави во петокот дека ќе ја намали својата плата, како и на високите државни функционери, за 10 отсто до крајот на 2015 година, имајќи предвид дека руските приходи се намалени со остриот пад на цените на нафтата и падот на националната валута рубљата.

Од 1-ви март до 31-ви декември 2015 година палтата на рускиот претседател, на премиерот Дмитриј Медведев, државниот обвинител Јуриј Чајка и челникот на Истражната комисија Александар Басрикин ќе бидат намалени за 10 отсто, според решението кое го потпишал Владимир Путин во петокот.

Ова намалување на платите ќе се применува, исто така, и на платите на вработените во претседателската администрација и во владата.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека одлуката е привремена и оти се должи на моменталната економска состојба во земјата. „Доколку ситуацијата не се промени значително, овој период ќе биде продолжен, а доколку има промени на подобро, тогаш нема да има причина за продолжување на мерката“, рече Песков, пренесе агенцијата ТАСС.

Руската економија трпи штети, покрај од падот на цените на нафтата, за што некои аналитичари сметаат дека главна цел е оштетување на рускиот буџет во кој главно придонесуваат енергенсите, и од западните санкции наметнати против неа поради нејзината наводна улога во кризата во Украина, а Москва возврати со контрасанкции кои пак се одрзуваат негативно врз европските економии. Поради падот на цената на нафтата рубљата загуби речиси половина од својата вредност.

Со цел да ја санираат економската ситуација во земјата, руските власти подготвуваат низа мерки и преструктуирање на буџетот, и убедуваат дека Русија има сила да ги издржи санкциите и на подолг рок.

Платите на Владимир Путин и на Дмитриј Медведев во април 2014 година беше зголемена за 2,6 пати. Според официјалните изјави за примањата од претходната 2013 година (за 2014-та официјалните податоци не се објавени), рускиот претседател годишно заработил околу 3,7 милиони рубљи (околу 62 илјади долари), додека премиерот заработил 4,3 милиони рубљи.

Истовремено во текот на 2013 година шефот на администрацијата на рускиот претседател Сергеј Иванов заработил 11,75 милиони рубљи,  а средната заработка на високите чиновници во Кремљ изнесувала околу 12 милиони рубљи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП