25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei го претстави смартфонот Honor 6+

Huawei го претстави смартфонот Honor 6+

honor plus 23

„Huawei“ покрај останатите уреди на годинешниот саем „Mobile World Congress 2015“ го претстави и својот смартфон „Honor 6 Plus“. За овој истиот пишувавме на крајот на ноември минатата година и кога започнаа првите шпекулации околу истиот. Повеќето тогаш наведени спецификации на крајот се испоставија како веродостојни.

Па новиот „Honor 6 Plus“ доаѓа со 5,5-инчен „IPS“ екран, кој е со резолуција од 1920 x 1080 пиксели и 1500:1 контраст. Тој го користи најавениот осумјадрен „Kirin 925 SoC“ со такт од 1,8 GHz. Кога станува збор за меморијата како за работната и за таа за чување податоци, исто така немаше промашување – „Honor 6 Plus“ е опремен со 3 GB RAM, како и 32 GB (eMMC 5.0) интерна меморија. Истата може дополнително да се прошири со вметнување на „microSD“ мемориска картичка со максимален капацитет од 128 GB.

Honor 6 Plus“ воедно е и првиот смартфон од серијата „Honor“ кој ја доби новата „Eagle Eye“ камера. Истата се состои со две паралелно поставени 8-мегапикселни камери кој со помош на „3IE“, „Vision Camera“ и останатите технологии, двете фотографии од 8 MP се претвораат во една од 13 MP која содржи повеќе детали, што во конечните резултати има поквалитетна фотографија.

Кога станува збор за батеријата, „Huawei“ наведува дека со едно полнење би требало да држи дури два дена. Имено со капацитетот од 3.600 mAh пристигнува и „Smart Power 2.5“ технологијата која ќе ја намали потрошувачката на истата за отприлика 30%. Oд останатите можности се споменува и „Dual SIM“ и „Dual 4G“ поддршка.

Според интернет страната „Cnet“ продажбата во Европа (Велика Британија) ќе стартува од првиот ден од месец април (не е шега) каде ќе биде дел од ексклузивната понуда на британскиот „Three network“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП