25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските банки успешни на тестот за адекватност на капиталот

Американските банки успешни на тестот за адекватност на капиталот

sad-amerika-sadsad47857

Вкупно 31 американска банка кои беа подвргнати на  тестот на отпорност за случај да настапи нова економска криза беа успешни, соопшти Фед, иако дел од нив покажали слаби резултати во значајни операции во тргувањето со хартии од вредност поради новите елементи во проверката.

Според најпесимистичкото хипотетско сценарио, со кое Фед претпоставува поизразено зголемување на бројот на компании во стечај, во банките кои беа подвргнати во овој круг на отпорност, најмногу беа погодени оние со позначителни активности на пазарот на капитал, толкува американскиот регулатор.

Капиталот на сите 31 банка кои беа подложени на тестот се задржаа над минимално бараните пет отсто од капитал со највисок квалитет. Но, банките од Wall Street, како Goldmana Sachsa, Morgana Stanley и JP Morgan Chase беа меѓу банките со најслаби резултати.

Резултатите од оваа проверка објавени се пред извештајот за вториот круг на таканаречени стрес-тестови, планирани во наредната недела, а во кои Фед ќе утврди дали можат банките да продолжат со планираните исплати на акционерите, како дивидендите.

Во втората фаза за проверка на отпорност Фед ќе користи квалитативни критериуми за да процени колку добро банките управуваат со своите ризици. Се очекува дека на тестот нема да поминат ограноците на германскиот банкарски гигант Deutsche Bank и шпанската Santander, забележува Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП