25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар ќе добие 24.000, а Металург 18.000 евра од ИХФ

Вардар ќе добие 24.000, а Металург 18.000 евра од ИХФ

video-iran-v-fyr-macedonia_1gfy61mkyg2s11p2ey04kbepd8

Светската ракометна федерација (ИХФ) на клубовите чии играчи беа дел од Мундијалот во Катар ќе им подели 1,5 милиони швајцарски франци. Македонските екипи Вардар и Металург од ИХФ ќе добијат заедно 44.000 швајцарски франци (41.000 евра).

Вардар на Мундијалот во Катар имаше 11 репрезентативци, во националните тимови на Македонија, Русија, Шпанија и Хрватска. Металург на Мундијалот партиципиираше со девтмина ракометари во репрезентацијата на Македонија и еден во селекцијата на Русија, Павел Атман, кој се водеше како играч на клубот, бидејќи тогаш не му беше раскинат договорот.

ИХФ парични средства кои ќе ги добијат клубовите ги распредели на следниот начин: по 400 швајцарски франци од ден престој за играчи чии селекции се пласираа меѓу првите четири, по 300 швајцарски франци за играчи чии репрезентации завршија од 5. до 8. позиција, 200 швајцарски франци за играчи чии репрезентации се пласираа од 9. до 16. позиција, по 100 швајцарски франци за играчи чии репрезентации завршија од 17.до 20. место и по 75 швајцарски франци за играчи чии репрезентации се пласираа од 21. До 24.место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП