25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ азиските вложувачи внимателни, еврото на 1,10 долари

И азиските вложувачи внимателни, еврото на 1,10 долари

berza azija

Како и на американските и на европските берзи, и на азиските берзи во петокот владее воздржаност на инвеститорите во очекување на податокот за вработеноста во САД кое влијае врз однесувањата на пазарите, додека еврото во еден момент се нурна под најниското ниво во последните 11 години.

На токиската берза иднекост Nikkei претпладнето по средноевропско време беше во плус 1 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја и Австралија пораснаа во истиот период од 02, и 07 отсто. Индексите во Сингапур и во Хонгконг беа во благ минус, одека MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во плус од 0,4 отсто.

Скокот на јапонскиот индекс Nikkei на новото највисоко ниво во последните 15 години дојде благодарејќи на подемот на цените на акциите на извозниците, бидејќи поради слабеењето на јапонскиот јен во однос на американскиот долар нивните производи на светските пазари стануваат ценовно конкурентни.

Континенталните кинески индекси на берзата во Шангај, пак, пораснаа бидејќи кинескиот министер за финансии изјави дека експанзивната буџетска политика е неопходна за да се спречи острото забавување на растот на тамошната економија. Министерот тоа го кажа, откако владата во Пекинг во четвртокот објави дека годинава планира раст на бруто домашниот производ (БДП) за околу 7 отсто, што би бил најмалиот раст во последните 24 години.

На другите азиски берзи инвеститорите беа воздржани, бидејќи за подоцна во петок, односно кога тамошните берзи веќе ќе бидат затворени се очекува да биде објавен извештајот за вработеноста во САД, што обично многу влијае врз пазарите, бидејќи тоа покажува кога американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе ги зголеми каматите, на половина или на крајот од годината.

Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека во февруари бројот на вработените во САД изнесувал 238.000 што е помалку од јануарските 257.000, додека стапката на невработеноста би можела да падне од 5,7 на 5,6 отсто. Последните податоци укажуваат на забавување на растот на американската економија, шести месец со ред, што наведува на заклучокот дека Fed нема да брза со зголемување на каматите. Но, доколку вработеноста силно се зголеми, Fed би можел веќе на седницата во март да сигнализира зголемување на каматите кон половина од годината.

„Уште еден здрав раст на невработеноста, особено доколку дека растат и платите, би можело да го наведе Fed веќе во март да ги исфрли од своите пораки фразите за тоа дела ќе биде стрплив по прашањето на каматите, што би значело дека се подготвува заострување на монетарната политика во јуни“, смета Едвард Ектон“, стратег во банката RBS.

И додека на американските и азиските берзи се тргува внимателни, во четвртокот на европските пазари цените на акциите силно пораснаа, а во петокот претпладне се стабилни, откако претседателот на Европската централна банка (ECB), Марио Драги изјави дека банката од понеделник ќе започне да ги откупува државните обврзници на членките на еврозоната.

Тоа и беше очекувани, меѓутоа Драги ги охрабри инвеститорите дека таа програма, во износ од околу 1.100 милијарди евра, би можела да се протега во подолг од досега планираниот период во септември 2016 година, доколку тоа биде потребно. Покрај тоа ECB ги зголеми процените за растот на економијата во еврозоната во оваа и во следната година.

И додека пораките од ЕСВ позитивно влијаеја на берзите, еврото на валутните пазари се најде под силен притисок. Неговиот курс во еден момент потона првпат од септември 2003 година под 1,10 долари, но подоцна сепак се врати над тоа ниво. Во петокот претпладнето единствената европска валута се движи околу вредноста од 1,1015 долари, додека во истиот период во четвртокот изнесуваше 1,1055 долари.

Доларот зајакна и во однос на јапонскиот јен, на неговата цена порасна од 119,85 на 120,05 јени. Благодарејќи на тоа, индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути, достигна во петокот претпладне нависоко ниво во последните 11 ипол години, од 96.593 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП