28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака изгледа сериската верзија на Honda NSX (фото+видео)

Вака изгледа сериската верзија на Honda NSX (фото+видео)

honda nsxx

По серија од концепти и неколку години на развој, новата генерација NSX е подготвена. Сериската верзија на спортскиот јапонски автомобил дебитираше на саемот во Женева и ќе биде на располагање на европските пазари пред крајот на оваа година.

Претставениот модел во Швајцарија го носи амблемот на „Honda“, што е речиси идентична со верзијата за пазарот на САД, која ќе се продава како „Acura“. Иако ова е сериска верзија, која ќе излезе на пазарот уште оваа година, од јапонската компанија не ги открија целосните технички податоци на моделот.

honda nsxx1

Беше потврдено само дека агрегатот е хибрид. Тој се состои од бензински би-турбо „V6“ мотор и три електромотори кои генерираат „најмалку 550 КС“. Конвенционалниот мотор ги придвижува задните тркала, а два од електромоторите се поставени на предните. Третиот електромотор е поставен помеѓу преносот и моторот со внатрешно согорување.

На овој начин втората генерација „Honda NSX“ располага со погон на двата моста, наречен „Sport Hybrid Super Handling All-Wheel Drive“. Трансмисијата е автоматска со две спојки и 9 степени.

honda nsxx2

Моделот е опремен и со динамичен систем за управување „Dynamic System“, кој нуди неколку режими. Тој го менува подесувањето на моторот, менувачот, електромоторите и шасијата, како влијае и на звукот на бензинскиот мотор. Исто така е достапна технологијата за брз почеток наречена „Zero delay“ (нула одложување).

Динамичките карактеристики исто така не беа обелоденети, но порано беше официјално соопштено дека забрзувањето од место до 100 км/час се остварува за помалку од четири секунди.

При проверката на моделот забележавме дека тркалата напред за 19-инчни, а одзади имаат големина од 20 инчи. Системот за сопирање е опремен со карбон-керамички дискови, а апаратите се со 6 клипови напред и со 4 клипови позади. Должината на моделот е 4470 мм, широчината – 1940 мм, висина – 1215 мм, а меѓуоскиното растојание изнесува 2630 мм.

Дополнителни информации за втората генерација „Honda NSX“ треба да бидат откриени во следните месеци. Продажбата на моделот во Европа стартува пред крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП