20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлабото евро им помага на Германците

Слабото евро им помага на Германците

germanija-dobra-sostojba-germany

Индустриското производство во Германија во месец јануари порасна за 0,6 проценти, петти месец по ред, благодарение на зајакнувањето на градежните активности.

Како што соопшти германската Федерална канцеларија за статистика, индустриското производство во декември порасна за еден процент, што се ревидирани податоци во однос на првично соопштениот раст на индустриското производство од 0,1 процени, пренесува агенцијата АП.

Активностите во градежниот сектор пораснале во месец јануари за пет проценти, додека производството на инвестициска стока, како индустриските машини, скокнало за 0,5 проценти.

Економијата на Германија, најголемата економија во Европа, е во добра форма благодарение на силната домашна побарувачка и слабото евро кое би требало да им помогне на извозниците, оценува американската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП