16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛицитација на државни плацеви за бензински пумпи, винарии, деловни објекти, лесна индустрија...

Лицитација на државни плацеви за бензински пумпи, винарии, деловни објекти, лесна индустрија и стоваришта

zemjiste 993

Министерството за транспорт и врски распиша неколку објави за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија.

Станува збор за објави за продажба на две градежни парцели за изградба на бензински станици, четири градежни парцели за изградба на винарии, седум парцели за изградба на објекти за комерцијални и деловни намени и 15 градежни парцели за изградба на објекти за лесна незагадувачка индустија сервиси и стоваришта.

Предмет на лицитација ќе бидат градежни парцели во скопско Орешани, во охридско Мешеишта, во Општина Дојран и во Ѓорче Петров.

За овие парцели пријавата за учество на јавното наддавање треба да се достават до 11 март оваа година.

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со ДУПД за бензинска пумпна станица и услужен центар на магистрален пат М1, м.в. Кулето, КО Виничани Општина Градско.

Пријавите за оваа лицитација ќе можат да се достават до 18 март 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП