25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSAP ќе отпушти преку 2.000 вработени

SAP ќе отпушти преку 2.000 вработени

sap 002

Германскиот технолошки концерн „SAP“ има намера да скрати околу 2.200 работни места како прилог на сличната одлука која беше донесена минатата година. Најголемата софтверска компанија во Европа го пренесува бизнисот кон помалку профитабилните апликации достапни преку интернет, за да остане конкурентна, пренесува „Bloomberg“.

Вкупниот број на погодените одговара на приближно 3% од вкупниот број вработени во „SAP“ во целиот свет, кои се 74.000, тврди директор за човекови ресурси, Штефан Рис. Не е јасно колку од работните места ќе отпаднат на домашниот пазар на компанијата – Германија.

„Не станува збор за намалување на трошоците, туку за прилагодување кон иднината“, вели Рис во интервјуто.

Намалувањето на персоналот е второ во „SAP“ за време на владеењето на главниот извршен директор Бил Макдермот. Продажбата на софтвер за бизнис клиенти под традиционални лиценци го отстапува местото на производи кои се изнајмуваат при договори, наречени „облак“ услуги.

Компанијата е најголемиот производител на апликации за управување со синџири, финансиски институции и човечки ресурси.

Освен што ќе бара нови места за засегнатите вработени, „SAP“ ќе предложи и препораки и програми за предвремено пензионирање, изјави Рис. Тој одби да коментира колку ќе ги чини реконструкцијата.

Акциите на „SAP“ вчера поевтинија за 0,2% до 63,46 евра, а од почетокот на годината тие поскапеле за 9,1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП