28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung Galaxy S6 ќе е поскап од iPhone 6

Samsung Galaxy S6 ќе е поскап од iPhone 6

bgr-samsung-galaxy-s6-edge-11

Новиот „Samsung Galaxy S6“ беше презентиран за време на саемот во Барселона, но најважното нешто кое што не беше обелоденето, беше неговата цена.

Протекоа информации на интернет кои покажуваат дека цената на уредот ќе биде повисока дури и од онаа на популарниот „iPhone 6“. Според информациите на „BGR“, моделот „Galaxy S6“ ќе започнува од 699 долари, иако не е прецизирано за која верзија точно станува збор.

Според експертите тоа најверојатно ќе биде 32-гигабајтната верзија. Другите две верзии, со 64 и 128 GB внатрешна меморија, се очекува да се продадваат по цени од 799 и 899 долари.

Поголема се очекува да биде цената на моделот со двата заоблени рабови – „Galaxy S6 Еdge“, според информациите на „BGR“. Двата нови модели претставени од јужнокорејскиот производител, се направени целосно од висококвалитетни материјали што очигледно сериозно ги зголемило трошоците за производство.

И додека цените на новите модели се значително повисоки од оние на претходните серии, тие најверојатно ќе се нудат при далеку пониски цени со склучувањето на договор со некој мобилен оператор. Високата цена на уредите, сепак, најверојатно нема да се одржи премногу долго.

Историјата покажува дека моделот поевтинува во просек за 17% во првите три месеци по своето деби, а шест месеци подоцна вреди веќе за 28% помалку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП