18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛегализирани 66 проценти од барањата за легализација на дивоградбите во Општина Илинден

Легализирани 66 проценти од барањата за легализација на дивоградбите во Општина Илинден

opshtinailinden

Легализирани се вкупно 4.060 предмети, односно 66 проценти или, две третини од поднесените барања од страна на граѓаните на Општина Илинден.

Само во првите два месеца од годинава решени се 143 предмети за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти.

„Поволностите кои што ги нуди Општина Илинден придонесоа минатата година да се издадат 220 одобренија за градење, кои претставуваат индикатор на економската активност и одржлив локален економски развој во општината. Ваквиот тренд продолжи и на почетокот од годинава, при што во месец јануари и февруари издадени се вкупно 34 одобренија за градба за стопански објекти, инфраструктурни објекти и семејни куќи“, информира локалната власт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП