20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот Syrma - дело на млади дизајнери од Европскиот институт за дизајн...

Концептот Syrma – дело на млади дизајнери од Европскиот институт за дизајн (фото)

syrma

Студентите од Европскиот институт за дизајн, базиран во Италија, создадоа суперавтомобил со три седишта кој го нарекоа „Syrma“. Над прототипот, кој дебитираше на саемот во Женева, работеле 10 лица – четворица Индијци, Полјак, Тајванец, Израелец, Мексиканец, Иранец и Кинез.

Должината на „Syrma“ е 4730 мм, широчината е 1980 мм, а висината е 1155 мм. Растојанието помеѓу двете оски достигнува 2790 мм. На овој начин концептниот модел е со 271 мм подолг, и со 56 мм поширок и со 10 мм понизок од „Lamborghini Huracan“. Меѓуоскиното растојание е исто така во корист на „Syrma“ со 170 мм.

syrma1

Машината е со погон на задните тркала, а се потпира на хибриден агрегат. Во него влегуваат 4,0-литарски бензински турбомотор „V6“ и електричен мотор. Вкупната моќност на овој систем изнесува 900 КС, а динамичките карактеристики на концептот засега остануваат тајна. Беше соопштено дека, сепак, во градски услови тој може да се движи само на електрична енергија.

Во минатата година, повторно во Женева, студентите од Европскиот институт за дизајн го покажаа прототипот „Hyundai PassoCorto“. Според димензиите тој беше помал од хечбекот „Hyundai Veloster“, а беше опремен со 1,6-литарски турбомотор со моќност од 270 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП